Како еден банкротиран претприемач стана мулти-милијардер

64

tomas-gorny-nextiva

Квалитетот е на прво место и тоа се однесува и на луѓето со кои сте опкружени, од пријателите до оние кои работат за вас.

Томас Горни, момче од Полска кое растело во сиромаштија, го напушта средното училиште и на свои 17 години се сели во Америка. Тој не знаел ниту еден англиски збор, но тоа не го спречило да стане милионер. Еден ден го губи целото богатство, но успева повторно да се издигне од пепелта со уште поголем успех.

Можеби звучи како филмско сценарио, но така започнува успешаната приказна за ко-основачот и извршен директор на комуникацискиот провајдер Nextiva, iBoost (мултимедија) и IPOWER (веб хостинг), сега дел од Endurance International Group, каде Горни останува на директорската позиција.

Nextiva-Office1

Создавањето е многу поголемо од добивањето

Најголемата лекција што Горни ја научил е да се фокусира на креирањето. Тој се водел од неговата страст, а не од парите, како многумина што прават.

“Не трчајте по пари. Лесно може да заглавите во играта каде парите се главна награда. Не се фокусирајте на излезна стратегија.”

Според него, токму тие работи го спречувале да успее. Затоа, наместо кон потенцијално копмпромитирачки одлуки, Горни ја рефокусирал својата енергија кон создавање и нови идеи.

Со текот на времето парите полека почнале да доаѓат.

Nextiva-Office-Entrance1

Никогаш не прави компромис за квалитет

Квалитетот е на прво место и тоа се однесува и на луѓето со кои сте опкружени, од пријатели до оние кои работат за вас.

Токму дружењето со пријателите, кои биле постојано фокусирани на богатство и екстравагантен начин на живот Горни го довело до финансиска криза.

Тоа било голема лекција за него од која ја извлекол поуката и успешно ја применил во работата. Денес неговите вработени се луѓе со кои тој се гордее. Со тоа бизнисот добива квалитетна подлога што се рефлектира во квалитетна интеракција со клиентите, во секое време.

ipower-hosting

Добрите производи ќе oпстанат и ќе стануваат се подобри

На пазарот каде постојано има многу случувања и раздвиженост, секој претприемач е во трка да “зграпчи” клиенти преку своите расположливи средства. Советот на Горни е секогаш да се нудат најдобрите производи или услуги што ќе ги задоволат потребите на клиентите. Тие производи или услуги се над сета “раздвиженост и бучава” на пазарот. За клиентите тие се тоа што навистина им треба и често ги препорачуваат на пријателите, ширејќи го добриот глас.

61rYCagfwOL._SL1500_

Има смисла кога нештата имаат смисла

Кога Горни пристигнал во Америка, веднаш знаел дека треба да купи чевли и да не го испушти големиот попуст на 4 јули (Денот на независноста на САД), каде по цена за еден можело да купиш два пара чевли. Но ова две во едно не му се допаднало, затоа што сакал само еден пар чевли.

Водејќи се токму од таа мисла, Горни денес ја развива маркетинг стратегијата во правец на потребите на купувачот. Затоа моментално во неговата компанија тој се фокусира на едноставни понуди, скроени по мерка на клиентите, истовремено помагајќи им да ја донесат вистинската одлука.

Твоето минато не е твоја иднина

Живеел во беда, станал богат, но го изгубил своето богатство, започнал одново од нула паркирајќи автомобили и чистејќи теписи… за на крај да изгради повеќе успешни бизниси и мулти-милијардерска бизнис империја.

“Она што се случило во минатото и моменталната ситуација во сегашноста не ја одредуваат иднината и вашата способност да успеете. Она што го одредува успехот сте самите вие, вашата волја за работа, вашиот разум и желбата да се оди напред.”