Како егото може да ви ја уништи кариерата

28

ego

Фото: Pixabay

Егото може навистина да ѝ попречи на кариерата, доколку не успеете да го совладате. Ако не внимавате на вашето однесување голема е веројатноста да се појават проблеми на работното место.

Затоа обидете се да ги елиминирате следните карактерни особини:

Ароганција

Самодовербата е едно, ароганцијата е сосем друго. Луѓето кои имаат самодоверба зрачат со позитивна енергија и ги привлекуваат останатите кон нив. Додека арогантните се истовремено и премногу егоцентрични и токму поради тоа не се омилени во ниедно друштво.

Себичност

Исто како и арогантните така и себичните луѓе мислат дека сè се врти околу нив. Нивните чувства се најбитни и не обрнуваат внимание на луѓето што ги опкружуваат. Тоа може да биде само една добра причина за кочење на кариерата.

Нарцисоидност

Луѓето со големо его постојано се фалат колку се вредни, паметни, дека се одлични во сè што прават и слично. Едноставно не можат да разберат дека многу повеќе ќе бидат ценети и почитувани ако сето тоа го покажат на дело. Во спротивно ќе им се препише и епитетот лажго/а што секако не оди во прилог на напредок во кариерата.

Бесчувствителност

Некои луѓе едноставно не можат да сочувствуваат со останатите. Тие не знаат дека нивното егоцентрично, бесчувствително однесувања има негативен ефект врз другите. Колку што е потребно да останете ладни, смирени и присебни, толку е понекогаш потребно да сочувствувате со туѓите проблеми.

Непочитување

Ако не ги почитувате луѓето додека се качувате нагоре во кариерата, не очекувајте поддршка во случај да паднете неколку скалила подолу. Лошиот однос нема да остане незапаметен, затоа покажете почит ако сакате да ја добиете.

Изигрување сезнајко

Испадите од типот “Јас знам, Јас да ви кажам’… можат само да предизвикаат нервоза кај останатите. Никој не е роден сезнајко, затоа дозволете понекогаш и другите да кажат што имаат. Повеќе глави секогаш мислат подобро од една.