Како емоционално интелигентните луѓе се справуваат со загуба

66

brod

Фото: Pixabay

Колку и да сте силни, понекогаш доаѓаат тешки ситуации за секого, а добра вест е што секоја ситуација, колку и да изгледа безизлезна, може да се надмине. Емоционално интелигентните луѓе овие работи ги прифаќаат на малку поинаков начин – како составен дел од живеењето и ги применуваат овие три нешта кога треба да се справат со загуба.

Ново раѓање

Наместо да се затворат и опсесивно да размислуваат што ќе беше ако беше… емоционално интелигентите луѓето се справуваат со загубите на мудар начин. Секоја од нив тие ја доживуваат како ново раѓање, одново осмислување и шанса за нов почеток. Животот продолжува и затоа од клучно значење е постојано да се учи и да се одржуваат врски и контакти со што повеќе луѓе – никогаш не се знае кога ќе бидат потребни.

Подготвеност

Ако сте подготвени за секакво сценарио, многу помалку ќе бидете разочарани доколку истото се случи. Токму тоа го знаат емоционално интелигентните личности и својата приказна секогаш ја имаат под контрола. Работите се одвиваат по својот тек, но постои и резервен план во секој момент. Мислите што ги води е дека неуспехот отвора пат за нов успех.

Давање прилика на другите да помогнат

Загубите се непријатни за секој што е инволвиран. Луѓето не знаат како да ја започнат таа тема, од причина што можат да наидат на силни емоции. Решението во овој случај е самите да искажете како се чувствувате и да им дозволите на другите да помогнат на начин на којшто знаат и умеат. Нема никаква корист од прикривање на негативни емоции. Она што е потребно е елиминирање на истите, а тоа не секогаш можете да го постигнете сами.