Како Европа ќе ја дочека зимата: Снабдувањето со енергија неизвесно, цената на гасот повторно над 2.000 долари

67

Газпром ја стопираше и втората турбина од гасоводот Северен тек 1. Според извештаите, испораките во Европа преку тој гасовод веќе се на 40 отсто од јуни, додека сегашното намалување е преполовено. Неизвесноста во снабдувањето и намалената понуда на руски гас на европскиот пазар ги разбрануваа и берзите – гасот поскапе за повеќе од 300 долари за еден ден, а цената надмина 2.300 долари, пренесува РТС.

Испораките на руски гас во Централна и Западна Европа се намалуваат, а клучниот гасовод Северен тек 1 работи со само една петтина од својот капацитет. Со тоа продолжија политичките тензии меѓу партнерите на тој гасовод, Русија и Германија.

Според портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, „Газпром испорачува што е можно повеќе. Знаеме дека сега техничките можности за пумпање се стеснети“.

– Газпром беше и останува сигурен гарант за сите свои обврски. Но, тој не може да гарантира пумпање ако увезените агрегати не можат да се сервисираат поради европските санкции – рече тој.

Како што изјави портпаролката на германската влада Кристијане Хофман, „не гледаме никаква техничка причина за тоа. Турбината е таму. Таа е сервисирана. Така, од наша гледна точка, ништо не стои на патот на транспортот на турбината во Русија“.

Заштедата на гас и взаемната помош на членките во случај на недостиг сега е приоритет за Брисел. Според извештаите, Грција е среќна што е изземена од тој кризен план бидејќи 70 отсто од електричната енергија добива од гасни електрани. И Шпанија и Португалија се задоволни бидејќи нема да треба да штедат 15 отсто од гасот, туку само 7 отсто, бидејќи со соседите не се многу поврзани со гасоводи, но имаат големи планови.

– Имаме важна инфраструктура за регасификација во Европа, најважна во Европа. Сметаме дека Шпанија има можност да стане центар за природен течен гас што ќе можеме да го извезуваме и да стане алтернатива на рускиот гас за многу земји од Европската унија – истакна шпанскиот премиер Педро Санчез.

Германската влада го осуди натамошното намалување на испораките на руски гас преку Северен тек 1, бидејќи тие сметаат на повеќе гас што доаѓа од Словачка и други извори.

– Гасот ќе тече. Повторно, имаме други можности од Норвешка, од Холандија и терминалите за LNG што ги градиме што е можно побрзо. Капацитетот за складирање е 65 проценти исполнет и повторно ќе биде полн. Плин ќе има, но гасот веќе нема да биде по поевтина цена. Мора да штедиме, а тоа вклучува и економично греење – нагласи Роберт Хабек, министер за економија и енергетика на Германија.

Но, реалноста веќе ги загрижува бизнисмените бидејќи поради прекини во снабдувањето и високите цени на бензинот, тие веќе прават кратења во бизнисот.

Најголемите германски производители на амонијак го намалуваат производството. Ова ќе ја загрози и индустријата на вештачки ѓубрива, пластика, нафтени деривати, месо и газирани пијалоци, бидејќи амонијакот е суровина без која не можат да работат.