Како и кога треба да дадете совет

37

sovet-pixabay

Фото: Pixabay

Првиот чекор на давање совет е… да не давате совет. Наместо тоа слушајте. Оној што бара помош, односно совет, прво треба јасно да го презентира проблемот и да каже зошто му/и е важен советот. Потоа да насочи можни решенија на истиот и да каже зошто вие сте личноста која може да помогне.

Понекогаш луѓето кои бараат совет, всушност и не сакаат да го чујат. Само им треба некој со кој можат да го споделат проблемот, односно да си го олеснат товарот.

Едноставно сакаат проблемот да биде транспарентен, како би можеле да се справат со него.

Експертите разликуваат четири видови на совет:

Совет ЗА (пример “Направи како што мислиш и не погледнувај назад.”)

Совет ПРОТИВ (пример “Во ниеден случај немој да постапиш така.”)

Информација (пример “Еве вака изгледа кога…”)

Поддршка на одлуката (пример “Треба да зборуваш со твојот сопруг/а, партнер, деца, пријател…”)

Наместо да го изјасните вашето гледиште, посочете слична ситуација и како вие сте постапиле со истата.

Кога давате совет потрудете се да информирате, наместо да советувате. Слушајте наместо цело време да зборувате.

Вие го немате вистинскиот одговор, туку тие што го бараат. Ваша работа е да им помогнете да го најдат.

Добар и лош совет

Добриот совет го одликува:

Заедничко разбирање

Алтернативи

Приближување кон одлука

Ставање на истиот во акција

Под лош совет се подразбира:

Пречекорување на границите

Лоша интерпретација на проблемот

Давање на егоцентрични совети

Лоша комуникација