Како инвеститорите препознаваат потенцијален Start Up

46

ideaФото: Pixabay

Успехот на еден Start Up се состои од креативна идеја, многу упорност и страст за реализација на истата. Но, дали некогаш сте се запрашале како инвеститорите препознаваат потенцијален Start Up пред да се решат да вложат во проектот? Во продолжение споделуваме три основни елементи според кои што идните инвеститори се водат пред да кажат ДА за одредена идеја.

Супер тим

Клучниот елемент на секој бизнис е добриот тим. Идеално би било доколку тој е составен од интровертни и екстроверни личности кои заедно спојувајќи ги своите вештини ќе креираат одличен производ. Инвеститорите имаат сетило за тимска хармонија.

Соодветен пазар

За инвеститорите многу е важно дали вие претходно сте направиле истражување на пазарот и дали сте запознаени со вашите потенцијални клиенти. Особено треба да им дадете до знаење кои се вашите клиенти и како функцинираат тие, но и доволен број аргументи зошто вашиот бизнис ќе биде подобар од нивниот.

Квалитетен производ

Секако, најважен е производот што го нудите на пазарот. Потенцијалните инвеститори би вложиле исклучиво во производ што е квалитетен и што би одговорил на барањата на клиентите. Покрај тоа треба да биде баран од пазарот и соодветно користен. За да ги имате сите овие информации, претходно треба да си ја сработите домашната задача.

Сепак, клучно за секој старт-ап е да верува во сопствениот производ, односно дека истиот ќе го подобри животот на многу луѓе. Самодовербата е таа што ги отвора вратите во бизнисот.