Како културно да одбиете некого

62

ne

Фото: Pixabay

Без разлика дали станува збор за клиент за кој немате време или кандидат што треба да му кажете “не“, одбивањето не е лесно. Уште потешко е кога со личноста која треба да ја одбиете сакате да соработувате и во иднина. Сите сме биле во ситуација некогаш да се согласиме на нешто, а да не сме сакале. Можеби од барањето сте биле затекнати, неподготвени или не сте знаеле како да кажете “не“.

Некои луѓе одбиваат со леснотија, додека за други тоа може да биде многу тешко, па дури и трауматично поради непријатното чувство дека може да се повреди личноста. Постојат неколку работи што можете да ги направите за да го ублажите барем малку ударот и да ја задржите врската непроменета.

Известете навремено

Потрудете се навремено да и ги кажете “лошите вести“ на личноста која бара нешто од вас. Одбивањето може да биде “поболно“ ако сте оставиле некој да го чека вашиот негативен одговор долго време. Затоа, известете ја личноста навремено бидејќи одложувањето на неизбежното само ги влошува работите.

Објаснете

Кога ќе одбиете некого, добро е да дадете образложение за вашата одлука, особено ако станува збор за нешто што може да ги промени или подобри. На кратко објаснете зошто не можете да го исполните нивното барање (можеби работите на друг проект или планирате да земете пауза). Сепак, не чувствувајте потреба сè да објаснувате. Одбивањето е дел од бизнисот и не мора да давате извинување за вашата одлука.

Бидете искрени

Честопати луѓето мислат дека ќе се заштитат себе или другите кажувајќи лага. Но, нема потреба да се извлечете од незгодните ситуации кажувајќи лаги, бидејќи тие носат вина. Затоа бидете искрени.
Ако на клиентот му кажете дека сте премногу зафатени, тие ќе бидат навредени кога ќе слушнат дека сте преземале нов проект. Ако не сакате да ја влошите ситуацијата, да го изгубите кредибилитетот или довербата, искреноста е најдобра политика.