Како луѓето да застанат на ваша страна?

29

topce

Фото: Pixabay

Клучот е во тоа што го кажувате и како го кажувате. Дали се колебате или сте полни ентузијазам. Применете ги овие неколку совети и луѓето ќе застанат на ваша страна.

Внимателно слушајте ги

Кога се разговара, понекогаш настапува тишина, а треба да има потрдување. Тука се и прекинувањата и избрзувањата и неверувањата. Не правете го тоа. Внимавајте што се зборува и навистина слушајте го она што соговорникот го кажува.

Служете се со прикладен говор на телото

Говорот на телото може да ве издаде многу повеќе од кажаните зборови. Истражете малку и научете кои движења креираат добар впечаток, а кои издаваат дека ви е здодевно. На пример прекрстени раце велат дека не верувате во кажаното, слаб контакт со очи значи незаинтересираност, додека мрдањето кажува дека не ви е интересно.

Користете комуникациски бонтон

Денес се помалку може да се види вистински бонтон во комуницирањето меѓу луѓето и токму затоа е многу повеќе ценет кај тие што го поседуваат. Ве молам, Ви благодарам треба да бидат почесто во вашиот секојдневен речник. Не плашете се од суперлативите и покажување малку повеќе почит кон луѓето.

Зборувајте од срцето

Искреноста влева сигурност во луѓето. Таа е особина која најмногу се цени. Умот често зборува со предумисла но срцето не може да лаже.

Позитивен тон

Вашата насмевка може да се насети во однесувањето и во гласот кога зборувате. Затоа употребувајте го тој насмеан позитивен тон за да смирите лутина, страв, да изразите сочувство, да омекнете отпор.

Користете го вистинското темпо

Комуникацијата е еден вид на уметност. Сепак темпото на зборување треба да се прилагоди од ситуацијата и слушателите. Исто така доколку темпото варира ќе ја избегнете монотонијата и ќе бидете поинтересни и повпечатливи.

Елиминирајте го стравот и подгответе се

Ако се плашите или колебате не можете да ги придобиете луѓето. Подгответе се. Најдете партнер со кој ќе вежбате за одреден разговор, или едноставно користете огледало. Тоа ќе го намали стравот од одбивање и неуспех и ќе се почувствувате горди и полни со самодоверба.