Како луѓето повеќе да ве слушаат

57

Без разлика дали станува збор за обичен разговор или презентација, секогаш имате потреба да бидете слушнати и послушани. Експертите советуват да се оди по следниов редослед.

Задржете им го вниманието

Секогаш кога започнувате одредена презентација или разговор, користете моќни зборови, приказна, емоционално видео, шеги и слично. Притоа, поставете и некое прашање… соговорникот или публиката ќе бидат заинтересирани од самиот старт.

Кредибилитет

Докажете преку своите минати постигнувања, знаења и успеси дека сте доволно квалификувани да зборувате на одредена тема, односно да презентирате одреден производ или услуга.

Таргетирање на проблемот

Споменете го проблемот што соговорникот или публиката го има и посечете им дека истиот мора да се реши. Понекогаш слушателите не се ни свесни дека истиот постои, но тука сте вие коишто за кратко ќе им презентирате и решение.

Претставување на решение

Откако луѓето ќе станат свесни за проблемот, вие го нудите решението, со сите негови бенефиции. На тој начин ќе го добиете вниманието што го барате, а луѓето ќе ја споделат информацијата дека сте личност којашто знае да комуницира и презентира.

Фото: Pexels