
Македонија има потенцијал да биде мала земја со големи приказни. Нашата централна позиција, богатите ресурси и талентираните луѓе ни овозможуваат да станеме препознатливи по квалитет и иновација. Со правилна стратегија и со храброст кај компаниите да размислуваат глобално, можеме да извезуваме не само производи, туку и идеи, услуги и вредности, вели во интервјуто за „Локално“, Тања Евросимовска, основач на првата Извозна академија во државата.
-Не постои универзална формула, но постојат клучни принципи. Пред сè, компаниите треба да се фокусираат на конкурентноста на своите производи и услуги во однос на нивниот квалитет, иновација и цена. Второ, многу е важно да се направи детално истражување на целните пазари: да се разберат навиките на потрошувачите, регулативата и локалните конкуренти. Трето, мора да се инвестира во маркетинг и брендирање, бидејќи денес производот мора да носи приказна и доверба. Од моето искуство во текот на овие 25 години со мали и средни претпријатија можам да кажам дека визијата, вербата и посветеноста на претпримачите се еден од главните двигатели кон долгогодишен успех како на локално, така и на меѓународно ниво. Македонија има потенцијал да биде мала земја со големи приказни. Нашата централна позиција, богатите ресурси и талентираните луѓе ни овозможуваат да станеме препознатливи по квалитет и иновација. Со правилна стратегија и со храброст кај компаниите да размислуваат глобално, можеме да извезуваме не само производи, туку и идеи, услуги и вредности.
Целото интервју на Локално.мк