Како Марк Цукерберг ја дефинира среќата

54

16176889_112685309244626_578204711_n

Фото: Facebook

Заборавете на долгите летни одмори, приватните јахти и ресорти – за основачот на Facebook, Марк Цукерберг, среќата е многу повеќе од тоа. Според него таа се состои во помагање на другите заедно со луѓето што ги сака.

Ова и не е така чудно кога ќе се земе во предвид неговото животно портфолио.

Пред да стане извршен директор на една од најуспешните ИТ компании во светот, Цукерберг студираше психологија на Харвард. Го напушти универзитетот, ја основа Facebook и стапи во брак со љубовта од студентските клупи, Присила Чен.

Иако неговото богатво се проценува на 35 милијарди долари, тој никогаш не се “расфрла” со скапи автомобили, облека, луксузни вили и со сето она што се очекува да поседува еден милијардер.

Цукерберг е едноставен во сè што прави и сè уште изгледа како скромно момче кое штотуку започнало со студентски живот.

Еве што според него го прави животот убав:

За мене среќата е да правиш нешто значајно што ќе им помогне на луѓето, нешто во што јас и оние кои ги сакам веруваме.

Многу луѓе забавата ја сметаат за среќа. Не верувам дека е можно да се забавуваш секој ден.

Но, знам дека можеш секој ден да правиш нешто значајно што ќе им користи на луѓето.

Како што созревав, сè повеќе ги ценев врските со моите блиски – со сопругата, моите пријатели и партнерите во работата.

Никој не може сам да успее. Негувањето на тие врски е најважно.