Како најлесно да ја развиете вашата харизма

35

decko

Фото: Pexels

Велат дека харизмата е вродена и тешко е да се развие со текот на годините. Но, истражувањата покажуваат дека не е така. Постојат неколку мали докажани трикови кои помагаат да им се допаднете на луѓето.

Еве кои се тие:

Користете едноставни зборови

Наместо апстрактен јазик, најдобрите говорници користат конкректни зборови кои сите ги разбираат. Харизматичните луѓе зборуваат од срцето, затоа лесно се поврзуваат со оној кој ги слуша.

Искажувајте ги своите чувства

Не се воздржувајте во искажувањето на чувствата. Направете го тоа спонтано и искрено. Доколку сте навистина возбудени и среќни за нешто и другите ќе ги почувствуваат позитивните емоции.

“Имитирајте” го соговорникот

Не станува збор за буквално имитирање на сè што прави, но одредени работи играат голема улога во развивање на вашата харизма. На пример, доколку ги прекрсти нозете направете го истото, или ако се напие од пијалокот пред него/неа, сторете го истото.

Чекорете како и сопатникот

Одот прилагодете го на личноста која оди покрај вас. Тоа ќе покаже дека сте пријателски ориентирани и ќе им се допадне на луѓето.

Рацете отворени

Гестикулацијата е многу важна во комуникацијата. Ако ги чувате рацете во џеб или ако рамената ви згрчени навнатре оддавате впечаток на неизаинтересираност. Рацете треба да се широко отворени (барем одвреме на време), што е одличен знак дека сте искрено заинтересирани за дискусијата.

Смејте се повеќе

Што поширока насмевка, толку поубаво лице, затоа не ја штедете. Смеењето ве прави посреќни вас и луѓето околу вас. Со смеата испраќате позитивни вибрации надвор и внатре во вашето тело.

Охрабрете ги луѓето да зборуваат за себе

Кога луѓето споделуват искуства, стануваат поблиски и формираат социјални врски. Поставувајте прашања и бидете заинтересирани за она што соговорниците имаат да кажат. Секој сака кога соговорникот внимателно слуша.