Фото: Pixabay
Понекогаш менаџментот и лидерството се испреплетени. Во други случаи, менаџерството е само бирократија, додека водството е недостижен идеал. Според Џон Котер, експерт за лидерство кој предава на Харвард, менаџментот ги контролира луѓето така што ги наведува во вистинска насока, додека лидерството ги мотивира за задоволување на основните човечки потреби. Менаџментот воспоставува и поддржува систем и процеси, додека лидерството има неформална улога, создава визија и ги мотивира луѓето да ја исполнат. Секојдневното водство е емотивна мотивација, а не мотивација за пари.
Преку своите три книги, Џон Котер ќе ви помогне да направите разлика меѓу овие два поими и советува како да го прејдете патот од добар менаџер до одличен лидер:
Менаџмент – давање инструкции
Целта на менаџментот е доследност и поредок. Современиот менаџмент е направен така што се занимава со комплексноста на големите организации. Функцијата на менаџментот е да го минимализира отстапувањето од планот и на тој начин полесно да се дојде до саканите резултати.
Лидерство – создавање промени
Целта на лидерството е да мотивира и да создаде неопходни промени. Особина на еден лидер е способноста да им помогне на луѓето да ги надминат големите пречки при остварување на визијата и на тој начин да помогне да се создаде промена која е неопходна во динамично опкружување.
Како го минуваат времето менаџерите и лидерите?
Менаџерите прават план и пресметки. Лидерите одредуваат правец.
Менаџерите ги организираат вработените. Лидерите ги насочуваат.
Менаџерите контролираат и решаваат проблеми. Лидерите ги мотивираат луѓето.