Како паметно да го искористите неуспехот

27

tazen-biznismen-pixabay

Фото: Pixabay

За да постигнете успех, најчесто мора да искусите и неуспех. Има среќници на кои тоа нема да им се случи, но најголемиот број од подемите изникнале од падови, а она што придонело за тоа е силната волја и огромната желба да се успее.

Прифатете ги и споделете ги лошите вести

Ако сте направиле грешка, не ги стискајте палците со надеж дека никој нема да забележи. Многу полошо ќе биде некој друг да покаже со прст на вашата грешка, така ќе бидете виновни и за прикривање, а луѓето ќе ве обвинат за негрижа или кукавичлук.

Понудете објаснување, но без изговори

Признавањето на сопствената грешка ќе ја зголеми вашата вредност. Тоа ќе покаже дека сте личност со самодоверба, одговорност и интегритет. Само бидете сигурни дека се потпирате на факти и кажете ја конкретната причина, без празни изговори.

Понудете план за решавање на проблемот

Наместо да чекате некој друг да понуди решение, самите исчистете го нередот. Дури подобро е ако можете да кажете на вашиот претпоставен за специфичните чекори што сте ги направиле за да ги исправите работите.

План за превенција

Освен план за решавање на проблемот треба да имате и план за превенција, односно на што треба да внимавате за да не ја направите истата грешка во иднина. Тоа е најдобар начин да ги убедите луѓето дека од вашиот неуспех можат да произлезат добри работи.

Не се предавајте

Не смеете да дозволите неуспехот да ве деморализира. Одвојте доволно време да го апсорбирате наученото од неуспехот и штом ќе го направите тоа, пробајте повторно. Колку подолго чекате, толку понегативни чувства ќе се акумулираат и постои можност да изгубите волја за понатаму.