Како подобро да планирате

39

planiranje

Фото: Pixabay

Планирањето е вештина што со текот на времето се учи. Не е лесно да се направи добар план без разлика за каков тип на проект или задача станува збор. Еве неколку практични совети што ќе ви помогнат подобро да планирате.

Секој ден одредете си време за планирање без никој да ви смета.

Предвидете ги можните проблеми на коишто може да наидете. Проблеми предизвикани од луѓе, материјал или механички пропусти. Обезбедете превентивни активности и планови за ситуации со висок ризик.

Утрешниот план направете го претходната ноќ. Вашата потсвест ќе ви помогне да се организирате додека спиете.

Секој ден предвидете ги низата активности што ќе ги преземете за да ги постигнете целите што ги сакате.

Луѓето можат умствено да помнат/работат само со седум информации без нешто да заборават. Затоа запишувајте ги вашите мисли и ќе можете да искористите многу повеќе за време на процесот на планирање.

Никогаш не брзајте. Нешто ќе направите погрешно.

Запишете ги клучните зборови што се однесуваат на проектот. Тие ќе ви помогнат во планирањето. Водете евиденција колку време ви е потребно да завршите одредена задача. Ова ќе ви биде потребно за понатамошното закажување.

Охрабрете ги сите од вашиот тим да креираат сопствен план и потоа детално да ви го објаснат вам.

 Седнете во тивка просторија и ментално вежбајте ги чекорите од вашиот план. Визуелизирајте ги чекорите што треба да се преземат. Ќе почувствувате дека треба да додадете дополнителни чекори и ќе ги предвидите проблемите што би можеле да настанат.

Поставете си сами крајни рокови порано од веќе закажаните.

Ако не можете да ги идентификувате целите и чекорите што треба да се преземат за нивно остварување, планот ви е нереален.

Редовно закажувајте формални состаноци за планирање со вашиот тим.