Како полесно да “излезете“ од вашата комфорна зона

29

Промените го движат светот напред, а ако сте од оние што тешко ја напуштаат својата комфорна зона, еве неколку совети што треба да направите.

Мала промена на рутината

Направете мала промена на секојдневните навики. Нешто навидум безначајно, но сепак поинаку, различен оброк, поинаква облека, тргнете по друг пат кога одите на работа. Ќе се изненадите колку поинаков ќе ви биде и денот и промената ќе биде полесно прифатена.

Согласете сè на нешто што не би го прифатиле

Понекогаш е добро да се каже “да“ на нешто што вообичаено не би го прифатиле. Дозволете си да се изненадите себе си, може искуството да биде одлично. Доколку не успее, барем ќе научите нешто ново и ќе бидете послободни да пробувате нови работи.

Започнете разговор со странци

Додека чекате во ред или сте на некоја манифестација, деловна средба или слично, започнете разговор со личноста до вас. Можеби ќе запознаете некој кој ќе биде ваш иден пријател, соработник, некој од кој ќе можете да научите нови работи.

Бидете позитивни

Што и да се случува, имајте позитвен став. Без оптимистичко размислување не само што тешко ќе прифаќате промени, туку нема воопшто да напредувате. Треба од секој нов момент, случување, промена на план, на лично или професионално поле да гледате позитивно, на тој начин и непријатните моменти ќе бидат помалку забележливи.