Како полесно да организирате промотивен настан

40

stolcinja

Фото: Pixabay

Организирате важен промотивен настан? Еве десет совети како полесно да го изведете сето тоа.

Користете флаери во различна боја и различни реклами. Смислете нешто ново и уникатно и бидете кратки. Во модерното рекламирање премногу информации значат лоша реклама.

Контактирајте со локални медиуми, (веб страни, радија, телевизии, весници) и пробајте да размените услуги. Нивните имиња да бидат на вашата реклама, а вашиот настан на нивниот медиум.

Искористете ги социјалните мрежи, иако се преоптоварени. Никогаш не се знае, може токму тие да завршат голема работа.

Нервозите и стресните ситуации ќе ги има, не потклекнувајте на нив. Пијте повеќе течности, шолја плус кафе, чај, сок… ќе ви ги оттргне мислите за момент.

Рекламирајте се онаму каде што е вашата целна публика, не само каде што ќе се одржува настанот.

Не го оставајте вашето его да надвладее. Бидете секогаш љубезни без разлика на ситуацијата.

Промотивните настани не би требало да траат повеќе од три часа (но најчесто траат повеќе). Имајте го тоа во предвид и организирајте го времето паметно.

Кажете им на вашите пријатели во живо за настанот, порачајте да ја пренесат информацијата, но не бидете напорни.

Доколку настанот вклучува бенд, изведувач во живо, внимавајте кого ќе ангажирате. Познатите имиња не доаѓаат на помали настани, затоа бирајте мудро. Не секое име е вистинскиот избор за промотивен настан.

Нешто ќе тргне наопаку. Доколку сте подготвени за такви сценарија се ќе биде во ред. Ваше е само да го направите најдоброто.