Како правилно да ги одберете боите за вашиот старт-ап

281

boicki

Фото: Pexels

Можеби не се пресуден фактор за успех во бизнисот, но боите во голема мера го менуваат расположението кај клиентите. Секоја боја поставува различен тон и поттикнува поинакво расположение.

Еве еден мал водич за боите доколку сè уште се двоумите која да ја одберете за вашиот старт-ап.

Црвена

Црвената боја може да означува неколку работи. Честопати е користена да ја прикаже пораката со големи букви. Исто така може да симболизира љубов. Многу компании за храна ја користат црвената боја затоа што според нив истата ги прави луѓето гладни.

Портокалова

За некои оваа боја пресликува топлина и оптимизам, а има и такви што ја поврзуваат со агресија. Бидете внимателни со неа.

Жолта

Многу луѓе жолтата ја поврзуваат со креативност. Сепак жолтата може и да иритира, па затоа се советува да се користи умерено.

Зелена

Зелена буквално значи зелено светло, одење напред, без кочници, а често пати симболизира и пари. Ако нудите туторијал за правење пари онлајн, внесете ја зелената боја во вашата веб страна или лого.

Сина

Кога се двоумите, изберете сино. Сината боја раѓа чувство на доверба, затоа и се користи на корпоративните веб страни. Таа асоцира и на ладна клима и океан.

Виолетова

Ако нудите услуга или производ што има смирувачко дејство, тогаш одберете виолетова боја. Многу производи против стареење ја користат оваа боја на своите веб страни.

Розова

Розовата сè уште е симбол за женственост, па ако вашата целна група на купувачи се жени или девојки, розовата е добар избор. Таа исто така има и смирувачки ефект.

Бела

Оваа боја се поврзува со чистота, па затоа сè што е поврзано со медицински производи и услуги најчесто е обележано со бела боја. Белата одлично оди со сина, ако сакате да создадете корпоративен изглед.

Црна

Црната најчесто ја користат оние што нудат лускузни производи. Таа е смела боја, па затоа најдобро е да ја комбинирате со некоја посветла нијанса, на пример златно-жолта.