Како правилно да испратите имејл

143

tastatura

Фото: Pexels

Неколку бонтон правила што треба да ги знаете кога испраќате имејл.

Јасно назначете за што станува збор во имејлот и бидете директни.

Употребувајте професионална имејл адреса која што ќе го содржи вашето име, за примачот да знае кој е испраќачот од самиот старт.

Размислете пред да го испратите имејлот на сите (reply to all). Никој не сака да чита имејл што нема никаква врска со него/неа.

Користете професионални поздрави, како Почитувани, Господин, Госпоѓа/ца, Со почит, Срдечно, Имајте убав ден, Поздрав.

Внимавајте на извичниците. Користете ги само доколку е навистина неопходно. Во спротивно вашиот имејл ќе звучи премногу емотивно или незрело.

Вашата порака без разлика кому е наменета треба да биде лесна за читање. Користете форма со “булети“ за да го назначите она што сакате да го кажете. Така и самиот имејл ќе биде попрегледен.

Одбегнувајте негативни зборови како неуспех, погрешно, неточно, занемарен/а и слично.

Внимателно со хуморот. Смее да се користи во случај кога добро се познавате со тој што треба да го прочита имејлот. Во спротивно изоставете го.

Колку и да е примамливо, воздржете се од користење на различно фонтови, формати, бои…Тие можат само да го одвлечат вниманието, а вашиот имејл да изгледа непрофесионално.

Луѓето од различни земји и култури различно се изразуваат во пишаните пораки. Затоа прилагодете го имејлот според потеклото на примачот или според тоа колку добро ја знаете личноста.

Проверете дали има грешки, неколку пати. Кога испраќате професионален имејл нема простор за грешки од било каков вид.

Пред да го испратите имејлот прочитајте го на глас. Доколку ви звучи нападно, остро или едноставно лошо, сменете го тонот и напишете нов.

Осигурајте се дека испраќате на точната имејл адреса. Би било навистина некоректно и непрофесионално да го испратите на погрешно место.