Како правилно да се ракувате во различни земји низ светот

46

rakuvanje1

Фото: Pixabay

Добрите манири се секогаш поен плус кога патувате во различни земји, а секако, најважен е првиот впечаток.

Еве еден мал водич кој ќе ве едуцира како правилно да се ракувате доколку престојувате во некоја од овие земји.

Швајцарија

Ракувајте се со сите и притоа соодветно користете ги г-дин, г-ѓа, г-ца заедно со нивното презиме.

Франција

Ракувањето треба да биде брзо и со слаб стисок на раката.

Тајланд

Ќе биде непристојно доколку се ракувате во Тајланд. Наместо тоа спојте ги дланките во висина на градите и полека поклонете се нанапред. Но, не пред домаќинот да го направи истото.

Велика Британија

Ракувајте се со слаб стисок и откако ќе го направите тоа остапете чекор наназад од соговорникот. Одржувајте дистанца додека зборувате.

Кина

Во Кина предност им се дава на најстарите. Прво поздравете ги нив со лесно ракување и мал наклон нанапред. Притоа не гледајте директно во очи.

Бразил

Бразилците се ракуваат цврсто и долго и притоа се гледаат во очи. Ракувањето се повторува и кога си заминувате.

Обединети Арапски Емирати

Најпрво ракувајте се со најстариот и не брзајте да ја пуштите раката. Ракувањето нека трае подолго.

Турција

Не ја стискајте раката кога се поздравувате во Турција. Ракувањето треба да е нежно и да трае долго.

Јужна Кореја

Најстариот почнува прв да се ракува. И тука поздравувањето треба да биде со нежен стисок на раката.

Мексико

Ракувајте се долго и очекувајте и прегратка доколку сте маж.

Русија

Не се ракувајте со жените, освен ако не станува збор за бизнис средба. Мажите во Русија покажуваат добри манири кога бакнуваат раце на жените.

Мароко

Ракувајте се нежно, полека и само со личности од истиот пол.

Австралија

Доколку жена се ракува со маж, таа треба прва да ја понуди раката. Припадничките од понежниот пол не се ракуваат меѓу себе.

САД

Претставете се и цврсто ракувајте се кога запознавате некого во САД.