Како претприемачите залудно ги трошат парите

24

euro-870757_960_720

Фото: Pixabay

Ако сакате да заработите, треба добро да манипулирате со парите. Постојат одредени работи коишто можете да ги направите без премногу трошење.

Лошо рекламирање

Има многу понуди на пазарот за тоа како малите и средни бизниси можат да се рекламираат. Направете истражување за да ја изберете онаа опција што навистина ќе ви се исплати. Не се обврзувајте на долги патеки и барајте прво тест период да видите дали рекламирањето ќе има ефект.

Премногу аутсорсинг

Многу сопственици на бизниси едноставно не сакаат самите да завршат одредена работа и непотребно трошат пари на аутсорсинг. Грешат кога мислат дека сè ќе биде полесно ако повеќе задачи распределат на друг.

Користење на непотребна технологија

Ако неодамна сте започнале бизнис и сте купиле напредна технологија што воопшто не ви треба, не се чудете каде ви отишле парите. Само доколку нешто навистина ви е потребно за брзорастечкиот бизнис, тогаш купете го.

Лошо следење на трошоците

Треба да се следи секој трошок. Не смеете да дозволите да купувате без контрола без притоа да евидентирате колку и за што сте платиле. Колку и да е мала потрошената сума забележете ја, за да можете полесно да ги организирате парите.

Повеќе луѓе од потребно

Ако некој од вработените има минимална функција што било кој друг ќе може да ја заврши, едноставно е премногу да си дозволите повеќе луѓе од потребното. Доколку дозволуваат условите, направете една позиција од две и заштедете.

Недоволно познавање на потенцијалните купувачи

Ако не ја познавате вашата целна група на клиенти, тогаш залудно ги трошите парите на рекламирање. Добро проучете што сакаат и како размислуваат потенцијалните купувачи. Прво, направете го тоа, па потоа претставете го производот на најдобриот можен начин.