Како се станува харизматичен лидер

310

pingvini

Фото: Pixabay

Велат, ‘или го имаш, или го немаш’, но кога станува збор за харизма, не мора да ја имаш, можеш да научиш како да бидеш харизматичен.

Според книгата “Митот на харизмата: Како да ја усовршите уметноста и науката за привлечност” на Оливија Фокс Кабејн, луѓето не се раѓаат харизматични. Тоа го постигнуваат со учење и вежба.

Со харизма станувате повлијателни, поубедливи и инспиративни. Луѓето ќе ги привлекувате како магнет, ќе ви веруваат и ќе учат од вас.

“Харизматичните лидери ги поттикнуваат следбениците да бидат попосветени на мисијата, да прават значителни лични жртви и да извршуваат задачи повеќе од она што им е зададено”, вели Роберт Хаус, професор на Wharton бизнис школата, пишува Бизнис инсајдер.

Еве што треба да знаете за полесно да стигнете до посакуваната цел:

1. Не мора да сте најатрактивната личност во просторијата

Секако дека да се биде атрактивен има свои предности, но дефинитивно не е пресудно. Винстон Черчил не беше секс симбол, но се смета за највлијателен лидер во историјата.

2. За да направите соговорникот да се чувствува како најважната личност на светот, правете го следното:

– Намалете го тонот на гласот на крајот на реченицата;

– Редуцирајте го климањето со глава;

– Паузирајте две секунди пред да почнете да зборувате.

3. Мислете на нешто убаво и пријатно, така ќе изгледате поискрени.

4. Кога се ракувате со некого, станете ако седите за да бидете на иста висина и извадете ги рацете од џебовите.

5. Бидете одличен слушач, намерно правете паузи и поставувајте прашања.

6. Внимателно бирајте каде ќе седнете на масата

Кога луѓето седат еден спроти друг на маса, тие имаат тенденција повеќе да се расправаат и да зборуваат со пократки реченици. Ако сакате да избегнете конфронтации, седнете до соговорникот или под агол од 90 степени од него.

7. Не се споредувајте со другите.

8. Комбинирајте ја моќта со топлина за да креирате целосен харизматичен пакет.

Со зголемување на моќта, расте и харизмата, но најдобро е да се комбинира со топлина за да не изгледате ладни или како диктатори.

9. Не дозволувајте несигурноста во себе да влијае на вашата појава.

Понекогаш, од различни причини, секој се чувствува несигурен во себе. Препознајте го проблемот и поравете го. На пример, ако носите премногу тесна облека на состанок, физички ќе се чувствувате непријатно, а вашите соговорници ќе мислат дека сте незаинтересирани и отсутни. Или, ако имате работа со проблематична група на луѓе, кои ве прават несигурни, раздвојте ги, па владејте.

10. Треба да знаете дека постојат неколку видови на харизма. Пронајдете го вашиот тип:

1. Фокусиран. Овој стил се базира на перцепцијата на присутност. Ако сакате луѓето со кои разговарате да се чувствуваат како единствени во просторијата, прифатете го овој стил.

2. Визионерски. Овој стил ги прави другите да се чувствуваат инспирирано, а изгледот е најмалку важен во споредба со другите стилови.

3. Добрина. Ваквата харизма доаѓа од говорот на телото и се базира на топлина. Сепак, мора да се комбинира со некакви други вештини кои ќе ви дадат авторитет.

4. Авторитет. Ова е најмоќниот харизматичен стил, а оние што го поседуваат, не се секогаш симпатични во очите на другите. Овој стил се оценува преку говорот на телото, изгледот, функцијата (позицијата) и реакцијата во однос на другите.