Како се живее во земјите на ЕУ со 2.000 евра

87

Семејство кое живее во Грција со ист приход како и некоe во Германија ќе биде меѓу најбогатите во првата земја, а меѓу најсиромашните во втората земја. Оваа пресметка може да се најде на интерактивната мапа на Евростат, каде што граѓаните на земјите од ЕУ и еврозоната можат врз основа на бројот на членови и приходите на домаќинството да одредат во која група население припаѓаат според висината на месечниот буџет.

На пример, тричлено семејство кое се состои од двајца возрасни и едно дете во Холандија со приход од 2.000 евра е меѓу 10% од домаќинствата со најниски примања.

Според истите параметри, ваквото домаќинство во Франција е меѓу 20% од домаќинствата со најниски примања.

Кога станува збор за Грција, ситуацијата е обратна. Тричлено семејство кое живее со 2.000 евра месечно припаѓа на домаќинства, од кои само 10% имаат поголеми примања во земјата.

Точно половина од словенечките семејства имаат поголем приход од оној со месечен буџет од 2.000 евра. Истиот резултат како и во Словенија е добиен според интерактивната мапа на Евростат за семејствата што живеат во Шпанија.

Семејство што живее на Малта ќе биде во групата од 40% од населението со пониски примања. Дури 60% од домаќинствата имаат поголем буџет од оние што живеат на Кипар со 2.000 евра приход.

Во Германија можете да живеете во тричлено семејство со 2.000 евра, но дури 80% од домаќинствата ќе имаат поголем месечен приход. Во Хрватска само 10% од домаќинствата имаат поголем приход од 2.000 евра.

Фото: Pixabay