Како сиромашно момче од ништо направи бизнис

234

Месец дена по големата поплава во Фритаун во Сиера Леоне, се слушнал силен звук којшто ги потресол жителите на овој град. Тој 14 август 2017 година, река кал, дрва, отпад се излизгала во градот убивајќи повеќе од 1.100 луѓе, меѓу кои биле седум члена од семејството на Алхаји Сирај Бах.

Бах, кој тогаш имал 17 години, можеби би умрел со нив, но работел во ноќна смена. Кога наредниот ден пробал да се врати дома патот бил блокиран, а по неколку часа му соопштиле дека никој од неговото семејство не преживеал. Останал без татко кога имал 12 години и оттогаш работел секакви работи за да се прехрани.

“Не се плашев, само верував дека ќе дојде денот кога ќе успеам во животот“, вели Бах за CNN.

Во телевизиска емисија дознал дека катастрофата со лизгање на земјиштето се случила поради уништување на шумите и лошо управување со отпадот, поради брзото ширење на главниот град. Фритаун нема организирано пренесување на отпадот, а тоа значи дека отпадот често се одлага и на улиците и реките.

“Сфатив дека морам да направaм нешто“, вели Бах.

Тинејџерот решил да ги вложи последните 20 долари во решавање на проблемот со пластичен отпад. Почнал да работи 16 часа дневно изработувајќи вреќи за собирање смет сочинети од листови од банана и ги продавал на локалните претприемачи.
Компанијата на Бах има произведено околу 250.000 кеси.

Повеќето домаќинства во Сиера Леоне користат јаглен за греење, но сечата на дрва е еден од најголемите фактори што придонесуваат за уништување на шумите и деградација на земјиштето.

Согорувањето, исто така, го загадува воздухот и може да предизвика респираторни заболувања. На глобално ниво, околу 3,8 милиони луѓе умираат секоја година од изложеност на чад, вклучително и чад од јаглен, според Светската здравствена организација.

Бах од YouTube научил како се произведуваат брикети кои не создаваат чад и кои согоруваат за четири часа побавно од јаглен и дрва.

Сега вработува 38 работници и има направено повеќе од 120 тони брикети, за кои вели дека спасиле повеќе од 15.000 стебла.

Фото: Pexels