Како социјалните медиуми да работат во ваша корист

22

Вистинско време е да ја насочите моќта на социјалните медиуми во ваша корист. Еве како тоа правилно да го направите.

Бидете свои

Не се обидувајте да имитирате никого и не правете нешто што мислите дека другите го очекуваат од вас. Споделувајте работи што навистина сакате да ги споделите, она што ја интересира вашата заедница на Twitter, Facebook, Pinterest… и тоа што вам ви се допаѓа.

Комуницирајте… постојано

Треба постојано да комуницирате со вашата онлајн публика. Не останувајте само на постирана содржина, вклучете се во дискусија, одговарајте на коментари. Само така она што го правите ќе има дополнителна вредност.

Документирајте

Луѓето сакаат да ве запознаат вас и на некој начин да се поврзат со тоа што го правите. Затоа, многу е подобро да споделувате содржини во реално време, а не изгубите часови на креирање на “шминкана“ фотографија за сè да изгледа совршено.

Не претерувајте

Наместо да бидете здодевни со постојано нудење на тоа што го продавате, фокусирајте се повеќе на давање совети и предлози што би можеле да им помогнат на вашите следбеници на социјалните мрежи. Оставете простор луѓето да ве прашаат, не избрзувајте да се пофалите.

Бидете достапни

Кажете им на луѓето како да ве најдат. Доколку можете обезбедете мејл адреса, линк од веб страна, телефонски број и начин на којшто можат да ве контактираат на останатите социјални медиуми. На тој начин тие ќе можат поедноставно да им пренесат и на своите пријатели за вас и вашата понуда. Денес, луѓето многу повеќе им веруваат на препораките од пријателите, отколку на рекламите што циркулираат онлајн.

Фото: Pexels