Како сопственикот на Tesla, Илон Маск го дефинира успехот

27

musk

Фото: Twitter

Еден од најпознатите и најуспешните претприемачи во светот, Илон Маск, се води од неколку свои гледишта кога презема акции, кога иновира и кога гради односи со луѓето.

По потекло е од Јужна Африка и уште како мал сонувал да создава нешто ново, нешто невидено и нешто корисно. Денес полека, но сигурно, го остварува својот сон и го менува светот. Тој е основач на PayPal, Tesla Motors и сега се обидува да ја освои и вселената преку SpaceX.

Еве што генијалецот кажува за успешноста:

Кога нешто ви е премногу важно, направете го дури и ако шансите за успех не се на ваша страна.

Создавање компанија е како правење торта. Треба да ги имате сите состојки во соодветната количина.

Најважно од сè е постојано да размислувате како да ги направите нештата подобри и да се ставате себе си пред предизвик.

Луѓето подобро работат кога ја знаат целта и зошто истата треба да се постигне.

Зад успешните компании стојат одлични производи.

Луѓето треба да го прават она што навистина го сакаат. Тоа ќе ги направи посреќни од било што.

Многу е важно да ги сакате луѓето со кои работите, во спротивно нема да бидете среќни.

Особено треба да се внимава на негативниот фидбек, дури и да го барате, најмногу од пријателите.

Не треба да правите нешто поинаку само за да бидете различни. Трудете се да бидете подобри.

Обичните луѓе можат да одберат да бидат извонредни.

Компанија е организирана група со цел да создаде производ или услуга и ќе биде онолку добра колку нејзините луѓе и нивната желба за создавање.

Животот е премногу краток за долгорочно лутење.