Како успешните луѓе го поминуваат викендот?

162

 

Фото: Pixabay

За некого викендот е момент што со душа го чека целата работна недела за да може да си посветат време и внимание за себе и своите блиски, додека други пак го поминуваат работејќи како и другите денови.

Илон Макс од Tesla е човек кој сака слободните денови да ги помине во домашна атмосфера. Тој има пет деца и вели дека тие му ја даваат неговата смисла за живот. Од таа причина, сака секој слободен момент да го помине со нив.

Бил Гејтс од Microsoft сака да се опушти за викенд. Најпријатно му е кога седи и да лежи во градината, да биде во друштво со семејството. Негово хоби е јавање коњ, па тоа му е активност резервирана за викендите.

Сергеј Брин од Google сака адреналински спортови, па за викендите сака да оди на скокање со падобран или екстремно возење со велосипед.

Џек Дорси од Twitter во една прилика изјави дека сака да пешачи и да трча, бидејќи тоа му помага да ги “собере“ сите мисли и да се фокусира на работните задачи.

Што вие правите за време на слободен викенд и што ве опушта најмногу?