Како успешно да се излезе од криза

32

Невозможно е да се предвиди дали и кога една компанија ќе западне во криза. Од таа причина, треба внимателно да се пристапи и уште попаметно да се постапи кога ќе настане кризна ситуација. Постојат различни причини што можат да доведат до криза, понекогаш тоа е човечка грешка, сплет на околности или едноставно природен тек на настани.

Без разлика за што станува збор, лидерите треба да се подготвени за да излезат како победници.

Вистинската личност како водач

Не секогаш главната личност во компанијата е таа што треба да го предводи тимот во кризата. Личноста треба да се одбере во зависност од тоа кој сегмент од бизнисот е соочен со проблем. Сепак, за секој чекор треба да биде консултиран и известен извршниот директор.

Вистината на виделина

Ако не ја кажете вистината, само ќе го ставите бизнисот во уште поголема опасност. Вистината порано или подоцна излегува на виделина. Во случај да не знаете што точно се случило, едноставно кажете дека за кратко време ќе ги соопштите вистинските информации.

Не го игнорирајте проблемот

Не смеете да го игнорирате проблемот, тоа само ќе ја влоши ситуацијата. Кон кризата треба да се пристапи веднаш… таа нема самостојно да исчезне. Ако бродот почнал да тоне време за чекање нема.

Контрола

Од клучно значење е да бидете први што ќе излезат со податоци за настанатата ситуација, не дозволувајте други да изнесат свои интерпретации за вашиот проблем. Така може да настане уште поголем хаос и вашата репутација дополнително да се “поткопа“. Контролата секогаш мора да биде во ваши раце.
Фото: Pixabay