Како здравјето влијае на кариерата

55

Од почетокот на пандемијата, свеста кај луѓето за грижата за сопственото здравје неминовно расте. Секој од нас треба да биде свесен за тоа во каква состојба е, дали доволно се грижи за себе, за физичкото, но и менталното здравје.

Ако ништо друго, пандемијата треба да нè научи поодговорно да се однесуваме кон самите, кон блиските, колегите, пријателите, соработниците… Телесното и психичкото здравје не само што се важни за приватниот, тие многу влијаат и на квалитетот на професионалниот живот.

Здравите луѓе се поотпорни на стрес

Луѓето кои внимаваат на исхраната, водат сметка за физичката активност, редовно пијат вода, практикуваат некаков спорт… не само што се здрави, туку и поотпорни на различни заболувања, но и на она што е “болест“ на 21-от век, а тоа е стресот. Таквите луѓе полесни ги совладуваат потешкотиите, бидејќи во себе имаат доволни енергија за да ги надминат сите проблеми и повеќе концентрација за да можат да ги завршат дури и најсложените задачи.

Здравите луѓе се попродуктивни и имаат повеќе идеи

Балансот меѓу исхраната и физичката активности помага луѓето да се чувствуваат порелаксирано. Тие немаат потреба да се расправаат, залудно да го трошат времето, туку веднаш се фокусираат на работните задачи и на проблемите и пристапуваат како на предизвици за коишто имаат повеќе можни решенија. Здравите луѓе секогаш се позитивни, чувствуваат дека можат да им помогнат на колегите, имаат голем број идеи и нивната харизма допира до сите во канцеларијата.

Здравите луѓе се задоволни со себе

Здравите луѓе се позадоволни од квалитетот на животот што го имаат, па тоа задоволство им го пренесуваат и на другите. Таквите луѓе не размислуваат за интриги, задкулисни игри, туку се отворени, искрени, подготвени за соработка, полесно прифаќаат критика, исправено доживуваат неуспех, знаат да му се израдуваат на успехот, да споделат, да бидат емпатични…

Фото: Pixabay