Каков ќе биде новиот Timeline на Facebook?

16

20130108-foto-noviot-izgled-na-fejsbuk-koj-kje-startuva-od-utre-2Корисниците на Facebook од Нов Зеланд од вчера веќе го имаат новиот изглед на својот Timeline, а останатите ќе можат да ги видат промените на својот Facebook профил за кратко време, најавуваат од компанијата.

Промените ќе овозможат подобра оранизација на профилот, а со тоа и полесна комуникација со пријателите. Екранот веќе нема да биде поделен на две еднакви колони.

На левата колона сега ќе се наоѓаат објавите на корисниците и нивните пријатели, а на десната колона ќе бидат сместени информациите за пријателите, нивните активности, лајковите, апликациите и друго.

Издвоените објави веќе нема да бидат низ целиот екран, додека на главната страна веќе нема да има инфомации за статусите. Тоа покажува дека Facebook сега повеќе ќе стави акцент на приватноста на неговите корисници.

Новиот Timeline ќе го промени и приказот на делот каде се наоѓаат пријателите, фотографиите, мапите. Во новиот дизајн се ќе биде сместено во класично текстуално хоризонтално мени, со копче повеќе кое ќе ги содржи сите опции.

Кликнете на следниов линк за да видите поголема слика со објаснување.