Кампања за подигање на свеста за измами при плаќање на интернет

27

Република Северна Македонија е една 16-те земји учеснички во годишната кампања, под покровителство на Акцијата за е-трговија за 2020 година предводена од Европол и австриската Служба за криминалистичко разузнавање, насловена како #SellSafe (продавај безбедно) и #BuySafePaySafe, чија цел е подигање на свесноста за измами при купопродажба на интернет.

Купувањето и продавањето на производи преку интернет е столб на модерното шопинг искуство, а пандемијата со КОВИД-19 натера уште повеќе купувачи да го користат интернетот за купување.

МВР, преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Европол и „Стопанска Банка“ АД Скопје, заедно со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол и Советот за заштита на трговците од ризик, се вклучени во оваа кампања која претставува заедничко јавно-приватно партнерство на органите надлежни за спроведување на законот, трговските субјекти и финансискиот сектор, за справување со организирани криминални групи кои вршат лажни купувања на интернет, притоа предизвикувајќи значителни финансиски загуби.

Фото: Pixabay