
На 1 септември, Тим Кук ќе се повлече од функцијата извршен директор на Apple по нешто повеќе од 15 години на позицијата. Неколку месеци пред неговото конечно заминување, за време на говорот, тој се осврна на својата прва голема грешка за време на неговиот мандат.
Тоа е поврзано со објавувањето на апликацијата Apple Maps во 2012 година, мобилна навигација која требаше да биде алтернатива на, на пример, Google Maps. Сепак, нејзиното деби беше голем неуспех, пишува Blic.
Коoрисниците ја критикуваа апликацијата за нејзиниот пренатрупан интерфејс, како и за бројните грешки во означувањето на мапата, неточните насоки за возење и неточното прикажување на локацијата на корисникот. Потоа Кук јавно ја призна грешката и ги охрабри корисниците да користат конкурентски решенија за мобилна навигација.
Дебаклот со Apple Maps предизвика значајни промени во менаџментот на Apple. Стив Форстал, раководител на софтверот, поднесе оставка, иако неговите подоцнежни грешки се чини дека се простени. Форстал присуствуваше на настанот по повод 50-годишнината од Apple на 13 март оваа година.












