Канада им даде ултиматум на крипто платформите: Binance не го прифати и сега ја напушта земјата

17

Најголемата светска крипто берза Binance одлучи да ја напушти Канада поради новите, построги регулативи поврзани со крипто индустријата. Компанијата Binance на Твитер објави дека се повлекува од Канада поради новите правила воведени од канадските администратори за хартии од вредност (CSA), пренесува порталот CoinMarketCap.

Во февруари, CSA им нареди на сите крипто платформи кои работат во Канада да се регистрираат кај релевантните безбедносни регулатори во рок од 30 дена или да ги прекинат своите активности.

Во гореспоменатото известување, CSA исто така наведе дека крипто платформите ќе мора да следат построги правила при одобрување стабилни криптовалути, како и дека ќе бидат обврзани подобро да ги заштитат средствата на нивните корисници.

Binance  соопшти дека се обидел да најде решение и да остане во Канада и изрази жалење што ја напушта земјата. Се заблагодари на организацијата CSA за добрата соработка и изрази надеж дека ќе се врати во Канада кога регулативите ќе бидат поповолни за крипто иновациите.