Фото: Pixabay
Во едно истражување спроведено на UCLA, испитаниците рангирале преку 500 придавки според нивното мислење за допадливост. Оние кои се нашле на врвот воопшто не биле очекуваните, како атрактивен, убав, интелигентен, шармантен…
Наместо нив се нашле придавки кои ја вклучувале искреноста, отвореноста и способноста за разбирање (на друга личност).
Еве кои се заедничките карактеристики на посебно допадливите луѓе.
Поставуваат прашања
Луѓето сакаат кога некој ги слуша и понекогаш само едно прашање им дава до знаење дека сте зантересирани за она што го зборуваат.
Не обрнуваат внимание на телефонот
Кога разговараат со некого, не дозволуваат нивниот мобилен телефон да ги прекинува, не пишуваат пораки, едноставно ја почитуваат другата личност.
Искрени се
Го кажуваат тоа што го мислат. Во суштина никој не ги сака лажливците, оние кој ја кажуваат вистината се омилени во социјалните кругови. Имаат самодоверба и не се плашат да бидат тоа што се.
Не осудуваат, имаат отворен ум
Никој не сака да води разговор со личност која веќе има мислење за се и не сака да слушне за поинаква опција. Луѓето со отворен ум прифаќаат нови идеи и многу полесно напредуваат во животот.
Не се желни за внимание
Едноставно, пријателското позитивно расположение е доволно за да се привлече внимание. Допадливите луѓе го имаат тоа вродено во себе и не им е потребно, а и не сакаат да бидат во центарот на вниманието.
Доследни се
Независно од нивното расположение, може да им верувате и да им се доверите. Луѓето сакаат да знаат со кого си имаат работа, а доследноста и постојаноста се токму карактеристики што допадливите луѓе ги имаат.
Имаат позитивен говор на телото
Ентузијастички тон на гласот, контакт со очи, отворени раце и благ наклон кон соговорникот е она што овие луѓе природно го прават, а на останатите им се допаѓа.
Им се обраќаат на луѓето по име
Убаво звучи кога некој го споменува вашето име. Токму тоа е една од карактеристиките кои ги имаат овие луѓе.
Се смеат
Насмевката не треба да се штеди. Таа е добра и за оној што ја упатува, и добродојдена за сите околу него/неа. Насмевката кога е искрена ги прави луѓето уште подопадливи.