Карактеристики на критичкото размислување

107

Фото: Pixabay

Критичките мислители размислуваат рационално и логички ги поврзуват идеите. Тоа се луѓе кои го движат светот напред, луѓето кои истражуваат и ги разбираат нештата.

Тие постојано го надградуваат своето знаење придвижени од желбата за учење. Овие мислители се одлични лидери, а еве кои особини ги имаат:

Љубопитност

Желбата да се открие непознатото е она што го движи човештвото напред, а токму љубопитноста е појдовна точка за многу пронајдоци.

Објективност

Се воздржуваат од мешање на емоциите при донесување на одлуки. Објективно гледаат на нештата и судот го формираат во зависност од фактите и докажаните теории.

Аналитичко размислување

Критичките мислите се одлични аналитичари. Умеат до подробности да ја осознаат ситуацијата, проблемот или било што ќе им се постави “на патот“ и да го откријат начинот како сите делови функционираат во целина и обратно.

Одредување важност

Од големо значење е да се одреди релевантноста на секоја информација. Во ова море на податоци и вакви и онакви вести, успешност е да се познае што е важно, ефективно и колку и како може да ни помогне.

Емпатија

Човечкиот фактор е сепак најважен. Доколку не се земе во обзир туѓото размислување и чувства, останува само ладна пресметана информација или податок, а критичките мислители знаат како и кога да покажат емпатија.

Скромност

Да се признаат сопствените грешки и да се препознаат туѓите успеси… Да се земе предвид поинакво гледиште и да се преиспитаат своите верувања. Токму тоа ги разликува овие луѓе од останатите.

Подготвеност за промена

Излегување од комфорната зона е прв чекор кон успехот. Критичките мислители не се плашат да направат еден поинаков чекор, зошто веруваат дека непознатото може да биде далеку подобро од она што го знаеме.

Ефективна комуникација

Ефективно комуницирање значи внимателно да се слушне што соговорникот има да каже, критички да се обработи информацијата и да се даде соодветно мислење, односно одговор.

Креативно размислување

Да се размислува надвор од конвенционалното, очекуваното и предвидливото е карактеристика на овие луѓе лидери. Креативноста оди во чекор со решавањето на проблемите и секако новите пронајдоци.