Карактеристиките на омилените вработени

49

zapcanici

Фото: Pixabay

Некои луѓе со нивното однесување на работното место ги пленат останатите да работат подобро, да играат фер и да негуваат добри односи. Што е тоа што овие доброчинители го поседуваат? Освен вродена дарба за допадливност, тука се присутни и неколку карактеристики и нивно постојано практикување и применување.

Еве неколку од нив.

Се грижат за тимот

Тие го гледаат тимот на работа како група луѓе што треба да се грижат за меѓусебната среќа. Токму затоа и се омилени кај другите.

Преземаат иницијатива

Знаат дека најиритирачки, како за претпоставените така и за колегите, е кога некој вработен чека другите да ги завршат задачите, за потоа да си препише некоја од заслугите. Затоа не чекаат никого, само преземаат инцијатива секогаш кога ќе треба.

Ги исполнуваат обврските

Работата си е работа и треба да се заврши онака како што треба. Во тоа лежи вредноста и професионалноста на вработениот/та.

Нудат добри предлози

Постојано бараат нови начини за да ги подобрат работите. Размислуваат во таа насока и честопати ги презентираат најдобрите предлози.

Ги поддржуваат своите лидери

Им ја даваат својата поддршка на оние од кои најмногу учат, своите лидери. Со останатите секогаш одржуваат коректни и професионални односи.

Се грижат за себе и за најблиските

Добро знаат дека ако не се грижат за останатите работи во својот живот како здравјето, среќата и добросостојбата на нивните фамилии, многу мала е веројатноста да имаат успешна кариера.

Се однесуваат етички

Секогаш настојуваат да ги завршат своите работни обврски, но се грижат и сè да биде фер и да се постапи етички.

Имаат смисла за хумор

Многу работи можат да предизвикаат насмевка на нашите лице, ако се видат во вистинското светло. Секоја работа е понекогаш стресна, но омилените вработени знаат како да се расположат себе си и останатите околу нив.

Се заблагодаруваат

Благодарноста ги подобрува односите со луѓето и ги прави попродуктивни и посреќни. Затоа, овие вработени практикуваат да искажат благодарност и секогаш ги вреднуваат добрите заложби на тимот.