Каргов: Наплатата на царините поголема за 10%

59

evzoniВо првите четири месеци од годинава приходите по основ од царини во буџетот се за 10% повисоки од планираното и оствареното во минатата година, изјави директорот на Царинската управа Ванчо Каргов.

Тој денес одговараше на новинарски прашања на Донаторската конференција, на која Државниот комитет за царина на Азербејџан донира техничка опрема за Регионалниот тренинг-центар на Светската царинска организација.

“Царините во првите четири месеци од годинава се наплатени во поголем износ од планираното и оствареното во минатата година. И наплатата на акцизите во овој период е над нивото од минатата година и се движи на ниво над планираното”, изјави Каргов.