Карлсберг го продава сиот имот во Русија

51

Групацијата Карлсберг планира да ги продаде сите средства во Русија пред летото, објави данскиот производител на пиво, по одлуката на директорот Сес Харт да ја напушти функцијата до крајот на третиот квартал од оваа година.

„Останувањето на одборот уште половина година ќе ми овозможи мене и тимот да продолжиме да ги спроведуваме нашите предизвикувачки планови за оваа година и да ја завршиме продажбата во Русија пред летото“, рече главниот менаџер на компанијата.

Групацијата Карлсберг донесе одлука да ги продаде своите средства во Русија минатиот март, пренесува Танјуг.

Компанијата ги суспендираше инвестициите и извозот во Русија и во исто време го прекина производството, продажбата и рекламирањето на брендот Карлсберг.