Карлсберг во загуба во 2022 година

67

Карлсберг ја затвори фискалната 2022 година со нето загуба, но и со двоцифрен раст на приходите, благодарение на зголемените цени.
Причината за загубата е големиот отпис на средства во Русија, а отписите изнесуваат вкупно 10,74 милијарди круни.

Нето загубата во фискалната 2022 година беше 1,06 милијарди дански круни (142,4 милиони евра), во споредба со минатогодишниот профит од 6,85 милијарди круни. Загубата по акција беше 7,6 круни.

Прилагодената нето добивка беше 9,69 милијарди круни минатата година, во споредба со 6,94 милијарди круни една година порано. Добивката пред оданочување се лизна на 9,96 милијарди круни, од 10,45 милијарди круни.