Карта од над 105.000 долари за експедиција што ќе се движи по рутата на Титаник

22

Фото: Pixabay

Американската компанија OceanGate ја организира експедицијата Titanic survey expedition, којашто би требало да заплови по истата рута како што се движел препознатливиот брод Титаник, пишува Russia Today.

Картата за оваа авантура чини 105.129 долари, а ќе бидат организирани шест експедиции за коишто подготовките ќе започнат на 26-ти јуни. Експедицијата ќе ја сочинуваат осум патници и девет членови на екипажот, а веќе сите места за првото патување се резервирани.

Оние кои сакаат да бидат дел од оваа експедиција треба да бидат постари од 18 години, да покажат основна мобилност, флексибилност и рамнотежа и да поминат низ посебна обука.