Катар најавува нови енергетски испораки, но под еден главен услов

Катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, изјави дека земјата ќе продолжи со целосно снабдување со енергија откако ќе се стабилизираат условите во регионот, соопшти денес Министерството за надворешни работи на Катар.

Ел Тани нагласи дека арапската земја останува цврсто посветена на своите клиенти и стабилноста на глобалните енергетски пазари, но дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток бара од неа да ги прекине испораките, објави Ројтерс.

– Сегашните околности, вклучувајќи ги нападите врз нашите објекти и ризиците за поморската пловидба во Персискиот Залив, бараат привремени мерки за заштита на безбедноста на персоналот што работи на нашата енергетска инфраструктура – рече премиерот, кој е и министер за надворешни работи.

Доха го прекина производството на течен природен гас минатата недела по избувнувањето на американско-израелската војна против Иран.

Катар учествува со околу 20 проценти во светскиот извоз на течен природен гас.