Пивара Скопје АД го менува визуелниот идентитет на Скопско. Новиот дизајнот на стакленото шише на Скопско 0,33л претставува комбинација на најдобрите светски практики и корисните повратни информации од љубителите на пивото во Македонија.
Компанијата ОКТА ги израдува дечињата со посебни потреби од училиштата Иднина и „Д-р Златан Сремец. Имено, на повеќе од 300 дечиња им беше подарена зимска облека, како донација од рафинеријата.
Кога станува збор за цените на хотелските аранжмани за новогодишните празници, тие се слични на минатогодишните и се движат од 99 до 160 евра.
Според извештајот на Државниот завод за статистика индексот на индустриското производство во месец ноември годинава, се намалил за 4,4% во однос на истиот месец минатата година.
На пазарот излезе нов производ од Еуростандард банка. Станува збор за Gift Card припејд неперсонализирана платежна картичка, која истовремено е и прва од ваков вид во Македонија.
Фармацевтскатат компанија Плива од Скопје донираше околу 500.000 денари за изградба и екипирање на посебен кабинет за најсофистицирано подготвување на цитостатска терапија за пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.
Дури 65% од возачите кои биле во алкохолизирана состојба ги оставиле своите автомобили и дома се вратиле со такси превоз. Ова е резултат од досегашната кампањата на такси компанијата Ин Такси за избегнување на возење автомобил во алкохолизирана состојба.
Во организација на Здружението на граѓани Еснафи, во просториите на Правниот факултет Јустинијан Први–Скопје, денес ќе се одржи трибина на тема Значењето на авторството и иноваторството во насока на поттикнување на економскиот развој на Република Македонија.
Во општина Штип денес со поддршка од проектот Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС) на USAID ќе биде основан локален економско-социјален совет (ЛЕСС).
Компанијата Automotive Group го воведе системот за заштита на животната средина според стандардот ИСО 14001/2005
Стопанствениците повторно ја актуелизираат Иницијативата да се усогласи православниот со католичкиот Божик.
Дајнерс клуб Македонија вчера ја промовираше бесплатната апликација DinersClubMK, која е изработена за iOS уреди, односно iPhone, iPad и iPod touch.
Државниот завод за статистика излезе со податоци дека состојбата на компаниите од преработувачката индустрија во месец ноември е подобра во однос на октомври, но споредено со ноември 2011 е полоша.
Предпразничното расположение веќе одамна започна. Токму затоа за нашите верни потрошувачи подготвивме посебни новогодишни изненадувања.
Собранието на Република Македонија со 65 гласа “за” и четири "против", попладнево го донесе Буџетот за 2013 година, вреден 2,7 милијарди евра.
Одборите на директори на Македонски Телеком и на Т-Мобиле Македонија на своите состаноци одржани на 21.12.2012 година одобрија промени на менаџерски позиции во двете компании.
Индиската компанија Аџаи груп е заинтересирана за изградба на хотели од висока категорија, СПА центри и инвестирање во прехранбениот сектор во Малешевијата.
Зоната ќе опфаќа површина од 50 хектари и се наоѓа на десната страна од магистралниот пат Е-75, каде се определни 11 урбанистички блокови за производство, дистрибуција и сервисирање за јавни административни и комерцијални услужни дејности.
Битолската млекарница БиМилк денеска одбележа 60 години од денот на основањето во 1952 година, кога повеќе трговски претпријатија се здружија и го формираа тогашното претпријатие Млекар - Битола.
Изминатиот викенд во х. Силекс во Охрид се одржа првиот networking настан на учесниците во шестата генерација на Top Class програмата на CEED Македонија.
Во изградба на железничка и патна инфраструктура ќе бидат вложени вкупно 50,3 милиони евра од третата компонента на ИПА-фондовите за периодот 2012 – 2013 година.
Винарската визба Тиквеш ќе извезе вкупно 80.000 шишиња од категоријата висококвалитетни вина Вранец спешл селекшн, берба 2011 во Данска.
Макпрогрес како компанија од Македонија несебично ја пружи својата поддршка и помош на Божиќниот СИЛА базар во Љубљана.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди кредитни линии за Охридска Банка, преку кои ќе се задоволат барањата на малите бизниси, како дел од програма за поддршка на приватниот сектор во Западен Балкан.