Стопанска банка со најголема добивка

83

Стопанска банка – Скопје објави дека во првата половина од годинава забележала раст на нето-добивката од 68% во износ од 383,6 милиони денари, односно 6,2 милиони евра.

Банката бележи раст на нето-приходите од камати од 10,3% на годишно ниво во износ од 896,7 милиони денари, додека нето-приходите од провизии и надоместоци пораснале за 3,1% до сумата од 443,8 милиони денари, се вели во полугодишниот финансиски извештај на банката објавен на веб-страницата на Комисијата за хартии од вредност.

Стопанска банка забележала пад и на вкупните административни расходи и на останатите оперативни расходи. Сепак, резервациите за лошите кредити, односно загубите поради оштетување на средства кај дадени кредити и вложувања бележат раст од речиси 40% и тоа од 534,6 милиони денари лани на 746,9 милиони денари годинава.