Кажете му НЕ на стресот во канцеларија

23

stres-3-pixabay

Фото: Pixabay

Стресот во канцеларијата е честопати субјективна итерпретација на фактите, видена преку филтерот на сопствената несигурност.

Ако сакате да бидете поефективни, да не ги сфаќате работите лично и да го елиминирате стресот, присвојте објективното гледиште на нештата.

Корисни вежби и тактики

Во моментот кога крвта ќе ви зоврие од лутина, застанете. Вдишете низ уста како да пиете низ цевка, а потоа издишете нормално низ нос. Доколку го направите тоа правилно ќе почувствувате ладен и сув воздух на врвот на јазикот. Така ќе стиснете “пауза” и ќе имате малку време да размислите каква треба да биде вашата реакција.

Пробајте да се смирите така што со палецот ќе притиснете на страната на средниот прст. Тоа ќе помогне да го регулирате крвниот притисок.

Бидете позитивни со реален став. Иако некои работи не можете да ги контролирате, вие сте одговорни за вашето однесување.

Бранете ги своите гледишта на учтив начин. Наместо да се лутите, да бидете дефанзивни или пасивни, споделете ги вашите чувства, мислења, верувања…

Секој ден правете листа со важните задачи што треба да ги завршите. Водете се по неа. Така ќе бидете организирани и ефикасно ќе ги извршувате задачите.

Научете се да велите НЕ кога е потребно. Нема да ги повредите другите како што мислите. Тоа е само еден начин за полесно да се изборите во животот и да го постигнете тоа што го сакате.

Не бегајте од проблемите. Стресот само ќе се акумулира. Соочете се со нив.

Штом ќе го пренасочите вниманието од тоа КАКО ве гледаат другите на работа, кон САМАТА РАБОТА, шансите да ги импресионирате останатите се многу поголеми.

Наместо да бидете строги кон себе, влевајте си самодоверба преку инспиративни мисли коишто ќе ве мотивираат за еден ден и вие да послужите како мотивација за другите.