Ќе стане ли туристичка атракција некогашниот логор Голи Оток?

152

goli otok

Поранешниот политички и озлогласен логор Голи Оток е ставен на продажба од страна на хрватските власти.

Овој остров се најде меѓу 100-те недвижнини во државна сопственост кои хрватската Канцеларија за управување со државен имот одлучи да ги продаде или да ги изнајми. Сите заинтересирани за купувањето или изнајмувањето би требало до 15-ти септември да ги достават своите предлози.

Затворот и придружните објекти на Голи Оток се протегаат на површина од 4.500 квадратни метри и веќе со години се оставени на забот на времето. Само во текот на летната сезона претставува туристичка атракција.

Но, бројни се реакциите по повод идејата овој поранешен логор да се трансформира во туристичко место.

“Судбината на Голи Оток не смее да се решава на основа на комерцијални критериуми, да не се земе во предвид фактот дека на тоа место илјадници затвореници своите казни ги издржувале во нехумани услови, изложени на малтретирање. Нашата општествена, како и обврска на нашата земја, е да го направи Голи Оток како меморијален центар, а во никој случај како место за уживање или неконтролирани приватни иницијатици“, стои во писмото на здружението Голи Оток, пренесуваат хрватските медиуми.