Givepower, непрофитна организација од Кенија, ја постави својата прва соларна фабрика што ја претвора солената вода од океаните во вода за пиење.
Објектот има систем за филтрирање што ја отсолува морската вода со цел да произведе доволно питка вода за 35.000 луѓе дневно, пишува Designboom.
Фабриката работи на сончева енергија, а системите за отсолување на водата се сместени во контејнери високи шест метри коишто можат да произведат 50 киловати енергија. Со ова се трансформираат 75.000 литри морска вода дневно во чиста вода за пиење. За само 20 долари од човек електраната може да обезбеди вода за пиење во следните 20 години.
Досега организација има обезбедено 2.650 сончеви системи за училишта, медицински центри и села во 17 земји во развој.
Сега фокусот е ставен на обезбедување на она што е најпотребно – вода за пиење. Givepower активно бара уште четири локации каде што ќе може да се инсталираат дополнителни фабрики за чиста вода.
Фото: Pexels