Keyvany Ferrari F8 Tributo со 850 КС

83

Иако V8 моторот што го придвижува Ferrari F8 Tributo се смета за еден од најдобрите произведени во изминатите 20 години, германскиот тјунер Keyvany одлучи да го искористи неговиот потенцијал и да извлече уште поголема моќ.

F8 Tributo е придвижуван од 3,9 литарски твин-турбо V8 мотор, кој според фабричките спецификации развива 710 КС и 770 Nm вртежен момент, но по третманот на Keyvany испорачува 850 КС и 922 Nm вртежен момент.

Тјунерот подготви нов издувен систем и ја премапираше единицата ECU за да ја ослободи дополнителната моќност на V8 моторот, а благодарение на овие подобрувања, F8 Tributo сега забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди (претходно 2,9 секунди). Максималната брзина е 351 км/ч во однос на „стандардните“ 340 км/ч.

Ferrari, исто така, доби карбонски делови, вклучувајќи прагови, куќишта на страничните ретровизори, заден дифузор, спојлер и многу повеќе, со цел да се зголеми надолната сила. Исто така, има и нови 21/22-инчни алуминиумски тркала, а во внатрешноста има карбон и кожа.