КХВ јавно ја опомена Иново Брокер

59

khvКомисијата за хартии од вредност (КХВ) и изрече јавна опомена на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје и на нејзиниот директор поради кршење на Законот за хартии од вредност и на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје.

КХВ при проверка на реализацијата на неколку налози за тргување со акции дадени од клиенти утврди дека брокерската куќа не ги внесувала во системот за тргување по хронолошки редослед по кој тие се заведени во книгата на налози.

Со ваквото однесување Иново Брокер го прекршила член 122 од Законот за хартии од вредност според кој брокерската куќа ги извршува налозите на клиентите за купување/продавање на хартии од вредност во согласност со приоритетот во книгата на налози. Исто така, Иново Брокер не ги испочитувала ниту Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје каде е регулирано дека налозите на клиентите за иста хартија од вредност и со исти услови за реализација, членката е должна да ги извршува според временскиот редослед по кој што се примени и хронолошки евидентирани.

На седницата што се одржа вчера, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови две лиценци за инвестициски советници.