
Во првиот квартал од 2023 година, Kia продаде 148.571 возила во Европа, што е за 2,23% повеќе од претходната година.
Според последните податоци на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), Kia го забележа најдобриот резултат во својата историја во првиот квартал од оваа година – 148.571 возила се регистрирани за прв пат во првиот квартал.
Тоа е зголемување од 2,23% во однос на истиот период во 2022 година и значително повеќе во однос на првиот квартал од 2021 година кога за прв пат биле регистрирани 113.812 возила. Само во март се продадени 63.053 примероци, што е за 6,9% повеќе од лани, пренесува Б92.
Овој раст го задржува уделот на Kia на европскиот пазар на 4,6%.











