![imf](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2022/03/imf-696x464.jpg)
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека потпишал официјално барање до странските влади, вклучително и САД, за исфрлање на Русија и Белорусија од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.
„Овие две земји ги прекршија своите обврски и ја насочија својата политика кон војна“, изјави Шмигал, пренесе Ројтерс.
Војната на Русија со Украина и санкциите против Москва ќе имаат „сериозно влијание“ врз глобалната економија, предупреди претходно Меѓународниот монетарен фонд.